Ново скандалозно издание на Гавазова – се снимаше во тоалетот и повторно изгледаше како милион долари
Пејачката нема милост...
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова повторно подигна прашина со својата најнова објава, овој пат со пози од тоалетот.
Имено, пејачката се снимаше во тоалетот, а фустанот што го носеше и позите што ги правеше и овој пат никого не оставија рамнодушен.
Таа на себе носеше долг, но тесен бел фустан со поприлично голем отвор во пределот на половината со кој подоцна се појави и на „Роса фест“ и го украде шоуто (повеќе за ова прочитајте тука).
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката со ова свое издание ги истакна сите свои физички атрибути, освојувајќи бројни комплименти од фановите.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа беше стилизирана од глава до пети, а во центарот на вниманието беше нејзината тенка и стегната половина.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Од ова издание јасно се гледа дека пејачката е во топ форма и нема ни грам вишок иако има две бремености зад себе.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но токму затоа и многу колешки и љубоморат, па дури и оние кои што се двојно помлади од неа.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но Гавазова очигледно не е премногу загрижена за тоа, па речиси секојдневно ги „бомбардира“ фановите со вакви свои објави.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа најчесто избира атрактивни фустани и здолништа, а токму такво беше и ова нејзино издание кое е полн погодок.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем за тоа зборуваат и коментарите што постојано ги добива, посебно кога ќе сподели вакви видеа со кои што ќе покаже колку е згодна, но и провокативна жена во исто време.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но токму затоа е и една и единствена, посебна… Браво!