Реклама
Вирално

Ново предупредување од СЗО до сите држави: Вирусот мора да се нападне со сите можни средства

Реклама

Државите кои ќе пропуштат да ги употребат сите расположливи механизми во борбата против коронавирусот, ќе се мачат да ги совладаат, предупреди денеска СЗО.

– Некои земји пристапија фрагментирано во борбата против пандемијата и пред тие земји е долг и трнлив пат, предупреди првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус без да прецизира на кои земји мисли.

Маркетинг

– Само земјите кои ќе покренат систем способен за сеопфатен пристап во борбата против коронавирусот, ќе бидат во состојба да ја запрат епидемијата и да избегнат ново воведување на вонредна состојбам нагласи Тедрос.

Маркетинг

По повод неодамнешните вести за новиот вирус кој од свињите се пренесува на луѓето и има пандемиски потенцијал, експертот за вонредни ситуации на СЗО Мајк Рајан изјави дека е важно луѓето да не бидат загрижени, зошто „не е во прашање нов, туку вирус кој е под надзор“.

Светската здравствена организација (СЗО) исто така соопшти дека во јуни се регистрирани дури 60 отсто од вкупно 10-те милиони заразени со коронавирус во светот, што, предупредува таа, покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее.

Секој ден има по 160.000 нови случаи и ги повика сите држави да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот, рече Тедрос во своето излагање.

-Пронајдете, изолирајте и грижете се за секој случај, следете ги и ставајте ги во карантин нивните контакти, обучете и опремети ги здравствените работници, едуцирајте и оспособете ги граѓаните да можат да се заштитат себе си и другите, рече Тедрос.

Тој е дециден: „Не само тестирање. Не само физичко растојание. Не само следење контакти. Не само носење маски. Туку се одеднаш, рече Тедрос, нагласувајќи дека една од работите што ги научи во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во една земја“.

Првиот човек на СЗО нагласи дека носењето маска понекогаш може да спаси живот.

Поврзано

Back to top button