Реклама
Вирално

Ново предупредување од лекарите: Оние кои го прележаа вирусот се во ризик од ова нарушување

Реклама

 

На лица на кои им била потребна интензивна нега или болничко лекување посебно се во ризик од оштетување на менталното здравје поради психолошките трауми од борбата со инфекцијата, предупредија лекарите.

Маркетинг

Пациентите кои го прележаа коронавирусот, а имале сериозна форма на болеста би требало да бидат прегледани од страна на лекарите за да се утврди да не страдаат од пост трауматски стрес, предупреди водечка група лекари, пренесува Индипендент.
Работната група за реакција на ковид траумата која ја предводи Универзитетот во Лондон наведува дека десетина илјади луѓе кои биле на болничко лекување поради корона треба да проверат дали имаат знаци на посттрауматски стрес.

Посттрауматскиот стрес вклучува симптоми како флешбекови, ноќни кошмари, одбегнување на мисли и чувства поврзани со претходното трауматично искуство, негативни промени во мислите и расположението и постојано чувство дека се на работ.

Маркетинг
ФОТО: aconsciousrethink.com

Истражувањето наведува дека некои пациенти кои биле отпуштени од интензивна нега чувствувале паника кога излегуваат сами или чувствувале бес што не се во состојба да се вратат секогаш во нормала.

Група лекари истакнале дека 30 отсто од пациентите кои поминале низ тешки болести во претходните епидемии развиле посттрауматски стрес.

– Се наоѓаме во најтешката глобална криза во живо сеќавање кое претставува закана, не само по физичкото, туку и по менталното здравје, наведоа лекарите.

-Повеќето луѓе ќе се изборат со траумата и ќе се опорават, сепак постојат и оние на кои тоа нема да им оди лесно. Загрижени сме како социјалните мерки кои се спроведени поради намалување на ширењето на ковид-19 ќе ги попречува вообичаените механизми на многу луѓе, додадоа тие.

Поврзано

Back to top button