Реклама
Хороскоп

Ново православно чудо – проплака икона со Света Петка и почна да мироточи масло од окото. Целата куќа мириса на цвеќиња

Реклама

Во домот на едно семејство во близина на Теслиќ во Република Српска семејната икона на Света Петка неодамна почна да мироточи масло што мириса.

Фото: Курир.рс

Необичниот призор прв го забележал синот во петокот раните утрински часови. Најпрво помислил дека во прашање е вода, но кога допрел, видел дека тоа е масло.

Влажен е и ѕидот под иконата

„Не можам да го опишам тој мирис, како некое цвеќе, но не знам точно кое. Ни сам не сум сигурен за што станува збор, изјави домаќинот на куќата кој сакаше да остане анонимна“, пренесе српскиот Курир.

Маркетинг
Фото: Курир.рс

Како што таа наведе, маслото почнало да тече од левото око на иконата, па од крстот, а сега дури неколку дена подоцна, има капки низ целата икона. За ова сведочеше и локалниот свештеник кој потврди дека иконата мироточи и дека тоа може да се случува, но досега немале такви искуства.

Инаку, во православието не ретко се случува некоја икона да почне да мироточи масло. Токму таква икона се чува и во црквата Свети Петка во скопската населба Црниче која стои во олтарот на храмот.

Маркетинг

Света Петка е  христијанска црква, која се наоѓа во населба Црниче во Општина , Кисесла Вода .

За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930). Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3-09-1923-та година.

Црквата е градена според традиционалниот византиски стил.
Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи но и од многу болести. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на Св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Извор: Курир.рс, Гламур

Поврзано

Back to top button