Американските научници ја открија структурата на ензимот наречен НСП16 кој вирусот на ковид-19 го користи за да го измами имунолошки систем и да добие пристап до домашните клетки кои ги искористува за да се размножува.
Ова откритие би можело да доведе до нови лекови за пациентите заболени од ковид-19, а кои би спречиле вирусот да помине низ имунолошкиот систем.
Ензимот се користи за модификување на нешто што се нарекува информациона РНК (iRNА), а кој на клетките им „збори“ дека се протеини и им вели да вели да создаваат нови.
„Се работи за камуфлажа. Тоа е модификација, која ги измамува клетките“, изјави д-р Јогеш Гупта, од Универзитетот во Тексас.
Дефирираните структури на ензимот би можело на истражувачите да им овозможи да развијат лекови, нови мали молекули кои би можеле да го спречат НСП16 од создавање на модификации.
Во тој случај имунолошкиот систем, се наведува, ги го препознала нападот на вирусот и би можел да го возврати нападот.
– Трудот на Јогеш ја откри 3Д структурата на клучниот ензим на вирусот ковид-19 потребен за размножување. Ова е значаен напредок во нашето разбирање на вирусот, изјави коавторот на студијата Роберт Фром.