Реклама
MAMAДом и семејство

Ново истражување открива: Жените за да бидат здрави треба почесто да излегуваат со пријателите

Реклама

Ако често не се гледате со вашите пријателки, набрзо ќе го смените овој став откако ќе ги прочитате најновите резултати од новото истражување кое покажува колку дружењето влијае врз здравјето на жените.

Научниците од Оксфорд откриле дека жените треба да го поминуваат времето со своите пријатели најмалку двапати неделно, бидејќи го подобруваат општото здравје.

Маркетинг

Робин Дунар, психолог и автор на истражувањето, во изјава за The Vancouver Sun откри дека општата здравствена состојба на жената се подобрува ако тие излегуваат двапати неделно заедно со своите пријателки пијат пиво и трачатат.

“Ваквите забви ги поттикнуваат жените за социјализација и смеа. Здравствената корист од овие излегувања се побрзо заздравување од болест, посилен имунолошки систем, намалување на анксиозноста и зголемување на великодушноста, што ги прави жените да се чувствуваат многу подобро”, рече Дунар.

Маркетинг

Во оваа студија, истражувачите откриле дека само две од пет жени излегуваат со пријатели на вечера еднаш неделно, а овој број е помал кај оние кои имаа семејство. Исто така, жените трошат малку време за поттикнување пријателски односи.

Истражувањето покажа дека жените најдобро комуницираат преку смеа, шеги и убедливи ситуации кои ги натерале да се смеат.

“Жените треба повеќе од мажите да ги одржуваат пријателски односи, што го зголемува нивото на серотонин и окситоцинот”, вели психологот Алис Руби Баш, а нејзината теза е потврдена со нова студија.

“Одржувањето на овие односи станува уште поважни кога старееме. Стануваме вработени, имаме поголема одговорност, а пријателите ни требаат да не бидеме осамени”, додава Баш.

Жените имаат многу стресни животи, а понекогаш се чувствуваат виновни кога го заминуваат да дружба со своите пријатели. Сепак, важно е да се најде време за себе, за ваков начин да излезете од рутината и да се релаксирате. Смеата е најдобриот лек, и ова истражување го докажа тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button