Ново грозоморно убиство ja потресе Македонија: Жена избодена до смрт во Кочани
По вчерашното двојно убиство во Гевгелија, утрово ново грозоморно убиство ја потресе Македонија.
Како што објавува локалниот портал Радио Кочани, жена е убиена со четириесеттина убоди од нож.
Како што информира МВР за Слободен печат, пеесет и деветгодишен маж по претходна расправија и нанел убоди со нож, при што од здобиените повреди починала на самото место.
„Денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.
По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
Исто така вчера во Гевгелија се случи грозоморно убиство откако шеесет и деветгодишен маж ги застрела брата си и снаата по расправија околу заедничката куќа.