Реклама
Вирално

Ново големо откритие на германските научници – еве како се шири коронавирусот. Дали најлошото е пред нас и колку ќе трае?

Реклама

Пандемијата од КОВИД-19 би можела да трае две години, смета Лотар Вилер претседателот на Институтот „Роберт Кох“.

Институтот е дел од германското Министерство за здравство и се занимава со проценка на епидемиолошката ситуација во земјата. Во обој момент, според податоците што ги објави овој германски институт, во Германија во овој момент има потврдено околу 6000 илјади заразени со корона вирус од кои 13 лица ги изгубиле своите животи.

Маркетинг

Пандемијата се развива во бранови. Тоа го знаеме и тоа е така. А колку се брзи тие бранови? И кога пандемијата ќе се прошири на 60-70 отсто од популацијата? Тоа може да трае со години. Да тргнеме од претпоставката дека ќе трае две години, изјави Вилер на конференцијата за новинари.

Според неговите зборови, за текот на пандемијата ќе биде корисна појавата на вакцина или некоја друга „интервенција“.

Маркетинг

„Колку побрзо ќе се појави вакцината, толку побрзо ќе можеме да ја ограничиме оваа пандемија. Но и кога вакцината ќе се појави тоа не значи дека сите ќе се вакцинираат, туку тоа ќе биде во зависност од количината на вакцини“, вели овој епидемиолог во своето обраќање до новинарите.

Околу пандемијата

Кинеските власти на 31 декември ја известија Светската здравствена организација за епидемија од непознато воспаление на градите во градот Вухан кој се наоѓа во централниот дел од земјата.

Кинеските доктори на 7 јануари ја открија причината за болеста – тоа е корона вирусот 2019 – nCoV (2019-nCoV), кој подоцна ќе го наречат COVID-19.

Светската здравствена организација на 11 март ја прогласи епидемијата од новиот корона вирус за пандемија. Првиот заразен случај од овој корона вирус е забележен при крај на 2019 во Кина. Според најновите податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“, во повеќе од 150 земји заразени се повеќе од 185 илјади луѓе, од кои повеќето оздравеле, но за жал 7000, ги изгубиле животите.

Бројката со заразени од корона вирусот ќе се зголемува и во Македонија

Во своето последно обраќање, нашиот министер за здравство изјави дека целта на сите мерки кои се преземаат е да не се случи нагло растење на бројката на заболени. Со тоа би дошло до оптеретување на здравствениот систем, а тоа не смееме да го дозволиме. „Епидемијата е тука и се шири кај нас како и секаде во светот. Но доколку тоа се случува постепено, здравствениот систем ќе се справи полесно и подобро ќе го заштитиме здравјето на граѓаните.“ додаде тој.

Еве што друго изјави Филипче:

„Вкупната бројка на заболени во нашата земја изнесува 31 пациент. Од попладневните 5 новозаболени, освен четирите здравствени работници од Дебар, исто така позитивен е тестот и на сопругата на утрово дијагностицираниот пациент чијшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митев“. Таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Другите 4 заболени се здравствени работници од матична установа од приватна здравствена установа од Дебар. Дел се носители, само позитивни, веројатно дека ќе ја развијат болеста – беа скринирани како резултат на поширокиот скрининг којшто започна да се прави во овој регион.“ изјави пред новинарите министерот.

Тој додаде и дека од денес во дебарската болница ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија за да го надополнат капацитетот и да помогнат на останатите здравствени работници – епидемиологот и тројцата инфектолози, вклучително и инфектологот од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Упатувам порака до колегите, здравствени работници – трудот и напорот и улогата којашто се дава во овој момент е непроценлив. Апелирам до граѓаните останете дома и најстрого придржувајте се до мерките за заштита и превенција, изјави Венко Филипче“.

 

„Целосно сме свесни дека здравствените работници се едни од најекспонираните и за време на работата и надвор од здравствените установи, но ние мора да правиме се за да ги заштитиме, заради тоа што во овие услови како и во сите други тоа е многу потребно. Мора да обезбедиме одржлив и стабилен здравствен систем за сите. Нема да има оправдување за ниту еден кој нема да се придржува до мерките коишто се донесени како одлуки на Владата. Мора да биде нивото на свест за почитување на овие одлуки исклучително високо заради тоа што од тоа зависи јавното здравје, важно за сите нас. Исклучително важно е за здравствени работници, заради тоа што тие требаат сега, како што требале порано, како што ќе требаат и понатаму кога овие моменти ќе бидат далечно минато. Тие здравствени работници имаат семејства кои се грижат за нив. Макотрпно и пожртвувано работат, се жртвувале во текот на животот, се едуцирале за да помагаат на нашите сограѓани.“ заклучи министерот Филипче.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button