Реклама
Вирално

Ново видео на кое се гледаат екстремните временски услови на Кајмакчалан кога двајцата млади планинари од Македонија ги изгубија животите

Реклама

Групата планинари кои се искачуваа на врвот Кајмакчалан имаа сериозни потешкотии поради вонредните временски услови.

Погледнете го видеото што го објави на Инстаграм Владо Бошњаковски кој беше дел од екипата од која планинарите К.В. и А.М. прерано ги изгубија животите.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BfBhn2unDjg/?taken-by=vlado_ftw

А еве ја и снимката што ја објавија грчките медиуми, а на кои се гледа како спасувачите се обидуваат да дојдат до телата на загинатите планинари.

Маркетинг

 

Инаку, телата на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан беа пренесени во болницата во грчкиот град Јаница (Ениџе- Вардар), откако беа извлечени од спасувачките екипи. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за 26 годишната Калина Велевска која загина заедно со уште едно лице, 35 годишен маж, кој исто така е вљубеник во планините, но чиј идентитет се уште не е познат. Дел од македонски медиуми веќе објавија дека Калина беше голем љубител на планините. Таа беше планинарка, член на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец, а беше и дел од екипата и сведок на драмата која се случи во 2016 кога при качувањето на Титов Врв на Шар Планина, дел од нејзините другари го грееа со своите тела  17 годишното момче кое падна во бездна, додека да дојдат спасувачите. Таа тогаш напиша: ,,Планината не прави среќни, ни ги трга секојдневните грижи, прави да се чувствуваме убаво, ни буди најубави емоции.Сепак, не смееме да заборавиме на нејзината моќ, на нејзината големина и никако не смееме да и водиме инает“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button