Реклама
Вирално

Ново божјо чудо во манастирот Тумане: Родители кои изгубиле бебе на 11 јуни, две години подоцна истиот датум им донесе неизмерна радост

Реклама

Игуменот во Манастирот Тумане, отец Димитрије Плеќевиќ често сведочи за среќата на верниците кои го посетуваат овој српски манастир во Браниќево. Последно сведочењето се однесува на родители од Суботица кои светителите ги благословиле со дете.

– Повеќе години се обидувавме да се оствариме како родители и конечно 2017 година, сопругата остана бремена. За жал, на 11 јуни во текот на бременоста го изгубивме бебето. Ни беше тешко и тој ден со голема болка ни е врежан во сеќавањето… Не насетувајќи дека две години подоцна тој ист датум ќе ни донесе неопишана радост и среќа.

Маркетинг

После изгубеното бебе дојдовме на молитва до Свети Зосим и Јаков во 2018 година и после три месеци сопругата остана во блажена состојба. Нашата ќерка Ника, нашето богатство се роди на 11 јуни, истиот ден кога останавме без нашето бебе.

Светителите од Тумане, нашата жал ја претворија во радост. Денеска сите заедно дојдовме да им се заблагодариме, ги пренесе игуменот зборовите на Милорад Мајиќ, таткото на прекрасното девојче.

Маркетинг

И брачна двојка од Неготин му благодарат на Свети Зосим што ги дарувал со пород. Бебето Јаков се родило во март годинава, откако брачната двојка со години не можела да има дете, а по молитвите во манастирот им се исполнила најголемата желба.

Неодамна медиумите пишуваа благодарение на маслото од кандилото во манастирот Тумане, двегодишната Лена од Ниш проодела.

Молитвите упатени до светците Зосим и Јаков, чии мошти почиваат во најпосетениот манастир на СПЦ, Тумане донесоа исцелување на постар човек кој боледувал од карцином на белите дробови.

Дека се случило чудо објави манастирот на Велигден, на Фејсбук страницата. Станува збор за порака од верничката Марија Поповиќ од Обреновац чиј татко ја победил ужасната болест.

-Во јуни 2019 година на мојот татко Никола е дијагностициран рак на десното белодробно крило. Лекувањето почна со хемотерапии, паралено е вклучена и алтернативна медицина со надзор на лекар. Борбата за мојот татко не прекинува – ние не се предаваме, напиша Марија.

Ќерката додав дека по ничиј совет заминале во манастирот во Тумане, на молитва кон светителите во февруари 2020.

-Во манастирот имаше голема гужва, но и нашата вера беше голема, а волјата силна, непоколеблива.

Кога се вративме дома, на тамо му се поврати самодовербата, се чувствуваше подобро, дури и насмевката му се врати. Верата во Бога надвладеа се! Две недели по посетата на манастирот отидовме на конзилиум со резултатите од скенерот.

Докторката со чудење соопшти дека ракот на десното белодробно крило исчезнал! Слава му на Бога! – напиша Марија чие писмо е објавено на страницата на манастирот.

 

Поврзано

Back to top button