Новосадската Барбика се пофали со новиот костим за капење – ќе се изненадите која ќе слушнете колку го платила (фото)
Костим за капење со кој предизвика бура од реакции
Познатата пејачка Наташа Беквалац се појави во црно-бел костим за капење на социјалните мрежи. Во прашање е ексклузивен модел со кој предизвика милион коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
И додека повеќето обожаватели го коментираа убавото тело на новосадската Барбика, нам вниманието ни го привлече нејзиниот костим за капење во кој познатата пејачка дефинитивно изгледаше феноменално.
Во прашање е модел со препознатливото лого на модната куќа Келвин Клајн – спортско елегантна варијанта која не ја гледаме така често на јавната сцена. Но ако побарате на интернет ќе видите дека за овој интересен модел пејачката издвоила само 34 долари, односно околу 1500 денари.
Поевтин е од многу модели од познатите брендови, а од истиот бренд носи и нејзината сестра Кристина Беквалац.
Кристина која е дизајнерка често знае да каже во шега дека Ната ја копира, а сега ја фативме и на дело.