Новогодишна атмосфера во топлиот семеен дом на Стојанче Ангелов – ПОГЛЕДНЕТЕ со кого славеше и како беа облечени сите!
Македонскиот политичар ја дочека Новата 2022 година во круот на најблиското семејство, па ја покажа веселата атмосфера која владеела кај нив.
Ретко кој политичар јавно споделува фотографии од семејството, но Стојанче секогаш отворено зборува и за приватноста.
Стојанче Ангелов е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.
На почетокот на минатата година Владата го именуваше Ангелов за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.
Долги години е во среќен и складен брак, а неговото срце го освои убавата Јасминка.
Тие се пар кој се бори за правда, достоинство на народот. И покрај сите бури и животните предизвици, нивната љубов била посилна од се.
И Јасминка е дел од МВР и жена која отворено влезе во војна со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Јасминка и Стојанче имаат големо семејство. Имено и двајцата по една ќерка од претходните бракови, а круна на нивната љубов им се заедничките син и ќерка.
Нивната љубов започнала пред повеќе од 15 години, на работното место.
Еден за друг велат дека се сродни души, грнче и капаче.
Јасминка во свое интервју има кажано дека Стојанче е токму половината која ѝ недостасувала цел живот.
Таа откри дека Стојанче обожава да готви за своето семејство и дека помага многу во домашните обврски, што е секако сон на секоја жена.
Ангелов е доста активен на социјалните мрежи, каде споделува детали од работните обврски и екојдневните активности.
Но, често објавува фотографии и од најблиското семејство, како и од патувањата со Јасминка. Тие сеголем вљубеници и на природата, па скоро секој слободен момент одат во посета на некоја македонска планина.
Новогодишната ноќ Стојанче и Јасминка ја поминаа дома, заедно со нивните две заеднички деца.
Сите четворица се потрудиле да бидат облечени во тон, таткото и сиот во зелени маички, а мајката и ќерката во црвено со новогодишни детали.
„Стојанче ја сподели фотографијата на Фејсбук, а во опис напиша:
Семејството Ангелови ви посакува среќна Нова *2022* година со многу здравје, љубов и среќа“.
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов