Нови 19 случаи позитивни на Ковид-19 во земјава, бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица
Состојбата со коронавирусот во земјата до 10.00 часот – 19 новозаболени на коронавирус – бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица, велат од министерството за здравство.
Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус беа тестирани 71 лице.Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.
Предмалку министерот Филишче ги покажа колегите кои се деноноќно се на своите работни места.Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период, напиша министерот за здарвство Венко Филипче.