Реклама
Вирално

Нови шокантни тврдења за коронавирусот: Опасниот вирус напаѓал многу порано отколку што се мислеше

Реклама

Најновите истражувања на генетскиот состав на коронавирусот покажуваат дека епидемијата на Ковид -19 почнала уште во октомври.

Се смета дека патогенот, формално познат како САРС-КоВ-2, скокнал од почетниот домаќин врз луѓето меѓу 6. октомври и 11. декември минатата година, се наведува во написот објавен во вторникот кој ќе биде обелоденет целосно во наредниот период.

Маркетинг

Резултатите се темелат на анализа на повеќе од 7.000 секвенци на геном собрани од целиот свет од јануари. Со испитувањето на еволуцијата на мутациите, истражувачите биле во состојба своите молекуларни часови да ги пренасочат на заедничка почетна точка. Исто така можеле да ги идентификуваат главните мутации на коронавирусот, кои продолжиле да се развиваат од моментот кога вирусот преминал на човек.

Додека ретроспективните студии покажале различни датуми кога се појавил првиот пациент, податоците на кинеската влада во која СЦМП имал увид покажуваат дека првата потврдена инфекција била на 17. ноември.

Маркетинг

Врз основа на информациите кои во јануари ги објави лабораторијата во Шангај научниците претходно заклучија дека САРС-КоВ-2 најверојатно потекнува од лилјак, па преминал на човек во ноември преку уште едно животно.

Но, во меѓувреме кога последната студија е спроведена кон крајот на минатиот месец, истражувачите имале пристап кон многу повеќе информации по пат на платформи за размена на податоци. Одбрале 7.710 состави, избрале збир на податоци од 7.666, а потоа ја анализирале појавата на геномска разноликост во текот на времето.

Иако постојат варијации во мутациите и еволуциските фази на вирусот кој е проучуван, тимот успеал да го одреди нивниот заеднички предок (МРЦА), што за возврат им дало нова проценка за почетокот на глобалната здравствена криза.

Во повеќето земји, вклучувајќи ја и Британија, САД и Ирска, генетската разновидност на примероците во суштина ја одразува глобалната разновидност, што сугерира дека локалните епидемии потекнуваат од независно внесување на вирусот. Меѓутоа, Кина, каде првпат е пријавено избивањето, е главен исклучок од овој образец, каде може да се најде само делче од глобалната разновидност.

– Геномската разновидност на глобалната популација САРС-Ков-2 која се рекапитулира во повеќе земји укажува на обемен пренос на Ковид-19 ширум светот, веројатно многу рано во пандемијата, се наведува во студијата.

Додека расправата за потеклото на вирусот продолжува, се повеќе има докази кои укажуваат дека пандемијата можеби почнала порано отколку што првично се мислеше.

Неодамна француското истражување покажа дека европски пациент се инфицирал со коронавирус кон крајот на декември, што е речиси цел месец повеќе, од претходната проценка за тоа кога вирусот пристигнал во Европа.

Поврзано

Back to top button