Нови фотографии од ромската свадба на внуката на Aмди Бajpaм и РАСКОШНАТА венчаница со вел од неколку метри!
Беше лудо, весело и бериќетно
Внуката на нашиот поранешен политичар Амди Бајрам, Перјан Бајрам, го кажа своето судбоносно „да“ на гламурозна ромска свадба за која што се уште се зборува. Свадбата беше организирана на Босфорот и имаше преку 300 гости од Македонија и речиси уште толку од Турција.
Настанот се уште го привлекува вниманието на јавноста, но не само заради гламурот и раскошот туку и затоа што беше организиран во време кога нашата земја се соочува со сериозна криза заради епидемијата со вирусот корона. Бројките секојдневно рапидно се зголемуваат и додека надлежните постојано предупредуваат да бидеме разумни и дека здравството ни е во колапс, семејството на Бајрам реши да го одбележи најубавиот ден на младата Перјан. И бидејќи во Македонија свадбите се забранети, тие смислија филмско решение – свадбата ја направија на брод во Турција, каде не важат истите мерки како кај нас, а дел од атмосферата споделија на социјалните мрежи.
Од фотографиите и видеата можеме да видиме дека убавата невеста носеше раскошен фустан со круна и вел од неколку метри кој се влечеше по земјата.
Бродот кога помина под познатиот мост, на него имаше голема реклама со светилки на која ги пишуваше имињата на младенците.
Свадбата помина во духот на традицијата, со раскошна торта и „баци рака“, а дел од атмосферата погледнете во продолжение.
Да потсетиме, Перјан е ќерка на Габриел, синот на поранешниот пратеник и лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам. Нејзиното семејство реши да ја направи свадбата, но наместо во ресторан во Шуто Оризари, тие решија да ја направат на брод на Босфорот и тоа со преку 300 гости од Македонија.
Убавата невеста и по враќање во Македонија објави неколку фотографии на Инстаграм, а во продолжение можете да видите и како изгледаше на веридбата.
Таа и нејзиниот избраник минатиот септември се заколнаа на вечна љубов и направија веридба, која исто така беше раскошна и во духот на традицијата.
И тогаш музичарите беа накитени со евра, а невестата смени неколку тоалети во кои изгледаше како принцеза.
А еве и неколку фотки од свадбата:
Невестата и младоженецот се качуваат на бродот.
Првиот танц со песна од Саша Матиќ…
Моментот кога бродот со сватовите и гостите поминува под мостот на Босфорот на кој стои светлеча реклама на која пишува „Среќен брак, Перјан и Муктедир“.
Инаку, Перјан е млада девојка која го носи името на сопругата на Амди Бајрам. Таа на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од кои можеме да видиме дека живее на висока нога, но и дека има одлично чувство за мода. Каков стил фура и како изгледа, погледнете во продолжение.