Нови фотки од венчавката во Охрид за која зборува цела Турција – шармантната невеста со овој детаљ ги запрепасти сите!
Носеше високи потпетици од 20 сантиметри!
Познатата турска актерка Ебру Шахин и НБА кошаркарот Џеди Осман претходниот викенд се венчаа во Македонија.
Познатиот пар на своите профили на социјалните мрежи објавија нови фотографии со кои веднаш освоија илјадници лајкови и коментари.
Убавата турска актерка Ебру Шахин блескаше во необичната бела венчаница, со шешир на главата, а целото издание го зачини со екстремно високи сандали на платформа со кои се обиде да му парира на својот партнер.
Имено Џеди Осман кој пред две години во Кападокија ја запроси својата сакана, е кошаркар и е многу повисок од својата сакана.
Ебру која е една година постара од Џеди, затоа за овој посебен ден реши да облече сандали со кои изгледаше десетина сантиметри повисоко.
Таа блескаше во необичната венчаница со која никого не остави рамнодушен, а и кошаркарот беше облечен во бело од глава до пети.
Инаку, Џеди кој е роден во Охрид, и каде што живееше пред неговите родители да се преселат во Турција, и кој денес игра за НБА тимот на Кливленд кавалирси, својата сакана ја запроси во магична атмосфера на Кападокија.
Тогаш главна вест во медиумите беше прекрасниот дијамантски прстен со кој Ебру веднаш се пофали на социјалните мрежи.
Тие по венчавката во Охрид споделија најубавите моменти од настанот, а некои од нив погледнете ги во продолжение:
На нивната венчавка која се случи најпрво на брод, а потоа во ресторан на Канео, присуствуваа блиски пријатели и семејството.
Објавата на 28 годишната Ебру и 27 годишниот Џеди за кратко време доби илјадници коментари и лајкови.
Тие планираат да направат и свадбена церемонија на 7 јули на плажата во Чешме, Турција, местото каде што се запознале.
Како што пренесуваат турските медиуми многумина се изненадени што Ебру не го поканила својот колега, шармантниот Акин Акинозу од серијата „Невозможна љубов“ на својата свадба, а повеќе за ова прочитајте тука.
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Сахин