Реклама
Вирално

Нови правила за летување во Грција: Овие 12 правила мора да ги почитуваат сите туристи

Реклама

Грчките власти ги објавија правилниците за тоа како ќе изгледа одморот на туристите во нивната држава. Без исклучоци овие правила се однесуваат и на домашните и на странските туристи кои ќе летуваат годинава на грчкото крајбрежје.

Исто така, тешко дека туристите ова лето ќе имаат некаква приватност со оглед на тоа што ќе бидат постојано под надзор на здравствените и хотелските работници.
Грција пропиша здравствени протоколи, кои се применуваат во сите хотели по пандемијата од ковид-19.

Маркетинг

Најверојатно правилата за хотелско сместување ќе важат и за апартманското сместување. Сите објекти ќе бидат отворени на 15. јуни.

Националната организација за јавно здравје на Грција издаде спецификации за повторно отворање на сите видови туристички објекти. Нови правила има многу, а голема новина е тоа што туристите ќе бидат нагледувани и сами ќе мора да ја менуваат постелнината, а во хотелите ќе бидат забранети посети од лица кои не се нивни гости.

Маркетинг

На масите нема да стои менито, така што нема однапред да се знаат цените на јадењата и пијалоците додека не ви ги соопшти келнерот.

Исто така, секој хотел мора да води ажурна евиденција за сите гости (име, државјанство, датум на доаѓање и заминување, адреса, телефон, мејл), за да може да се стапи со нив во контакти ако се појават случаи на коронавирус. Обврска на хотелиерите е во книгата на дневни настани да бележат се што се случува, а би можело да биде од некакво значење.

За превозот и кафулињата…

Независно од правилата кои ќе важат во хотелите, посебни мерки ќе мора да се применуваат и во останатите објекти ширум Грција, било да се тие туристички или не. Посебни правила ќе важат и во продавниците, градскиот и меѓуградскиот превоз, возовите, на аеродромите, во рестораните и кафулињата…

Упатства за хотелиерите и гостите

1. Гостите со симптоми треба да се надгледуваат, но дискретно. Персоналот мора да биде во состојба да ги препознае симптомите и директно да ги пријави кај здравствениот координатор.

2. Нема чистење на просториите за време на престојот на гостите за персоналот да го намали контактот со можните случаи на зараза и за да спречи натамошно пренесување.

3. Да се менува постелнина, навлаки и пешкири само на барање на гостите

4. Остранување на перниците и постелнината од сите простории

5. Нема менија и списанија на масите

6. Далечинското за телевизорите и клима-уредите мора да имаат покривка за една употреба

7. Забрана за чекирање на рецепција во текот на пријавата/одјавата

8. На гостите кои не се од хотелот им е забранет пристап

9. Сите лица се должни често да ги мијат рацете и да се држат на соодветна дистанца (најмалку еден метар од гостите) и да се избегнува ракување со нив

10. Нема шведска маса, храната ја служат само келнерите

11. Почитување на сите мерки мора да ги надгледува хотелски координатор

12. Задолжителен здравствен координатор во хотелот

Некои правила на плажите

1. Нема навлаки на лежалките

2. Нема служење пијалоци и храна на плажа, гостите евентруално само можат да одат до барот на плажа и да си земат што им треба

3. Дистанца меѓу лежалките
4. Држење дистанца кај тушевите и при влегување во вода

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button