Нови насоки од лекарите: Вака при купување нема да ги заразите другите од коронавирусот
Лицата кои се сомневаат дека би можело да бидат позитивни на инфекцијата не траба да одат во купување и да ги изложуваат другите на ризик.
Иако моментално нема докази дека храната би можела да биде извор или преносник на заразата со коронавирус, експертите советуваат засилени мерки на претпазливост при купување во маркетите за да се намали евентуалниот ризик.
Тие мерки, како што нагласуваат во Институтите за јавно здравје, меѓудругото подразбираат при престој во дуќаните да се почитува оддалеченоста меѓу луѓето од најмалку метар.
– Не треба да ги допираме предметите и намирниците кои нема да ги купиме, треба да го покриеме носот и устата при кивање, кашлање, а потоа го фрламе марамчето во ѓубре. Исто тка, потребно е да се мијат раце и да се користат средства за дезинфекција пред и после купувањето, велат експертите.
Можат исто така да се користат платнени корпи и торби кои може да се перат после употреба.
Спакуваните намирници може да се пребришат со дезинфекциско средство, 70 процентен алкохол или средство на база на хлор, овошјето и зеленчукот темелно да се измие, јаболката, крушите да се излупат, а термички да се обработат оние намирници кои можат.
Резултатите на едно истражување проценува колку долго вирусот САРС-КОВ-2 може да преживее на различни површини и тие покажаа дека вирусот може да опстане до 72 часа на платична или површина до нерѓосувачки челик, до 4 часа на бакар и до 24 часа на картон. Меѓутоа ова истражување е спроведено во лабораториски услови, во кои е контролирана релативната влажност и температурата, и би требало внимателно да се толкува во реално опкружување. Истражувањата на оваа тема се уште траат и не е докажана дека инфекцијата би можела лесно да се пренесе на воој начин, односно преку површина.
Купување во маркети
Постојат повеќе отворени прашања кои се однесуваат на преживувањето на вирусот, вирулентноста и инфективната доза.
Досега се знае дека вирусот се пренесува преку капки или допирање на контаминирана површина со раце, а потоа допирање на лицето, очите, носот у устата. Врз основа на досегашните истражувања и сознанија, ризикот за пренос на вирусот преку допирање на храна или пакувана храна и предмети во дуќаните е низок. За дополнително да се смали ризикот се препорачува често миење на раце по 20 секунди со сапун и топла вода и користење на средство за дезинфекција на база на алкохол.
Неодамна се објавени прелиминарни резултати од експеримент во Хајнсберг, германскиот град каде е воспоставена тн „жива лабораторија“, покажаа, исто така дека не постои значителен ризик од зараза при одење во продавница.
Доктор Хендрик Штрек, директор на Институтот за инфектологија во Универзитетската болнциа во Бон, рече, претставувајќи ги резултатите, дека заразата не се шири преку допирање на исти предмети, туку со подолг престој на луѓе во непосредна близина.
Насоки
- Избегнувајте често одење во купување
- Избегувајте купување во текот на најголемите гужви
- со влажни антибактериски марамчиња избршете ги дршките од количките и корпите
- со влажни марамчиња пребришете ги прозводите кои ги земате од полица
- не го допирајте лицето
- држете физичка дистанца во продавница, најдобро од 2 метри
- во купување носете најдобро платнени торби кои потоа ќе ги исперете на 60 степени
- откако ќе дојдете дома избриштете ги работните површими на кои сте ги оставиле намирниците
- овошјето и зеленчукот потопете ги во раствор на вода и сода бикарбона, оставете ги околу 15 минути и измијте ги добро
- измијте ги рацете во траење од 20 секунди