Вирално

Нови истражувања разоткриваат: Короната не се пренесува само преку капки, има и докази за други начини за пренесување

Advertisement

Во Универзитетот во Флорида една група научници успеа да изолира жив примерок од новиот коронавирус од воздухот, што на оддалеченост од два до пет метри беше земен од пациенти, хоспитализирани поради инфекција со Ковид-19, објави Њујорк тајмс.

Advertisement

Научниците тоа го објавија минатата недела на интернет. Студијата сѐ уште не е рецензирана, но предизвика длабока дебата.

Експертите наведуваат дека не е јасно дали количеството вирус пронајдено во воздухот е доволно да зарази друго лице.

Advertisement

– Обидите да се земат таквите минијатурни капки најчесто го оштетуваат вирусот. Многу е тешко да се земе примерок од биолошки материјал од воздух, а да е употреблив. Мораме на паметен начин да ги собираме примероците, за да бидат слични на тие што ги вдишуваат луѓето, посочи инженерката Сели Милер, која го проучува квалитетот на воздухот и болестите што се пренесуваат преку него.

Додека вирусологот Линси Мар истакна дека тоа е доказ дека заразниот вирус опстојува во воздухот.

Претходните обиди да се истражи ширењето на Ковид-19 по пат на аеросоли беа неуспешни поради земањето на примероци. Една група успеа да го изолира вирусот, но не успеа да докаже дали вирусот е заразен.

Истражувачите од Универзитетот во Флорида земените примероци ги зачува така што прво ги зголемија со водена пареа, па ги префрли во течност полна со соли, шеќери и протеини, за да го зачува патогенот.

Истата методологија била применета кога биле земени примероци од болничките соби, но тогаш не успеаја да го изолираат новиот коронавирус поради присутноста на други респираторни вируси во болнички услови во здравствените институции.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button