Реклама
Вирално

Нови закани за верниците: „Оној што ќе се зарази во црква, нека го лечат со молитви“

Реклама

Во Италија, за време на карантинот, само на еден член од семејството му е дозволено да оди на шопинг.

Фото: Илустрација

Италијанското искуство во борбата против епидемијата покажува дека вирусот корона влијае на секој дел од граѓанскиот и социјалниот живот. Претседателот на регионот Кампанија, Виченца де Лука, повторно ги предупреди граѓаните да ги почитуваат мерките.

Италијанските медиуми се обидуваат да го привлечат вниманието на властите за пренатрупаните затвори, каде во моментот има повеќе од 60.000 лица, а притворени се 45.000. Потребата за социјално дистанцирање наметнато од епидемијата во пренатрупаните затвори важи за шега со лош вкус. Затворите се епидемиска бомба која во секој момент може да доведе до катастрофа, предупредуваат тие.

Маркетинг

Извесен руски државјанин, со измислено име Димитри на многу бизарен начин успеа да го привлече вниманието на јавноста. Тој е еден од 229-те патници кои беа на крстарење на луксузниот брод Коста Луминос.

Тие стигнаа во пристаништето Савона на 25 март и беа ставени во карантин под постојан надзор на цивилната заштита и карабинерите.

Маркетинг

Не можел да контактира со никој, па фрлил парче хартија од прозорецот на неговата хотелска соба, во која го имало неговиот телефонски број и пораката: „Помогни ми, пишувајте ми на Whatsapp, ве молам“.

Свештеник држи групно опело за жртвите од корона (Ројтерс)

„Тие нè доведоа тука со сила. Не ни кажуваат ништо. Не нè тестираат. Не знаеме дали сме болни. Откако пристигнавме, 5-6 лица секојдневно ги возат во болницата. Пребројував најмалку 30 амбулантни коли со луѓе чија состојба се влошува. Се плашиме“ – им рече Димитриј на новинарите.

Алберто Батистела (47) пациент заразен со корона вирус, го организирал трансферот со приватна брза помош од преполната болница во Бергамо (епицентар на вирусот) до Јесоло, мал град во близина на Венеција. Операцијата го чинеше 600 евра, но тврди дека така останал жив. „Во Бергамо е пекол. Во Јесоло, тие ми го спасија животот“ – тврди Алберто. Во Јесоло, тој бил третиран со ХИВ лекови и антималарична терапија, благодарение на што бил излечен.

Во Италија, само еден член на семејството е дозволено да оди на шопинг и тоа еднаш дневно за време на карантин.

Полицијата контролира дали се оправдани потребите за излегување. Весниците пренесуваат дека во Виглиани, во провинцијата Торино, карабинерите казнувале маж затоа што во неговата торба имало само три шишиња вино. Објаснување: Алкохолот не се смета за суштинска стока.

Светите маси се одржуваат без присуство на верниците во црквата, но се пренесуваат директно преку ТВ, како што е вообичаеното обраќање на папата од плоштадот Свети Петар во Рим. Од друга страна пак, некои луѓе протестираат против директен ТВ пренос, тврдејќи дека таквата отстапка кон црквата е мерка од некои стари времиња.

Претседателот на регионот на Кампанија (регион во Јужна Италија), Виченца де Лука, познат по заканата дека ќе им испрати наоружани карабинери на оние кои во време на епидемијата ќе организираат матурски забави, овој пат им се закани на верниците кои ќе се заразат од вирусот затоа што и покрај забраната одат на молитва во црква. Тој им се закани дека „ќе бидат лекувани само со молитви “.

Болницата во Битола ќе биде нов регионален центар за пациенти заразени со коронавирус

Како нов регионален центар за справување со коронавирусот, министерот Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите ја посочи болницата во Битола. Таму вели во моментов има 35 кревети на располагање кои можат да се зголемат до 100, а обезбедени се и услови за интензивна нега со респираторни машини и медицински персонал.

Потенцираше и дека од вчера ставени на располагање се и капацитетите на болницата „8 Септември“ каде се обезбедени 400 болнички кревети за дијагностика и третман на заболени од Ковид 19.

Покрај тоа, Филипче изјави и дека се во преговори со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура.

Тројца пациенти ја напуштаат Инфективната клиника

Тројца пациенти кои имале два контроли теста кои покажале дека се негативни на Ковид 19, денеска ја напуштаат Инфективната клиника и си заминуваат дома, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

„Утре се чекаат резултатите од тестовите на четворица пациенти, за кои ако се покаже и по втор пат дека се негативни на вирусот, уште утре ќе ја напуштат клиниката во добра општа состојба“, изјави Филипче.

Со денешните тројца излечени пациенти, бројката на пациенти кои успешно се справиле со вирусот се искачи на 23 лица.

Вкупно 52-ца заразени здравствени работници, речиси 10 отсто од вкупниот број на заболени од корона

Вкупно 52 -ца здравствени работници се заразени со корона вирус или 9,5 отсто од вкупниот број на заболени лица во земјава, соопшти министерот Венко Филипче.

Од вкупниот број заразени здравствени работници, 34 се заболени во болнички услови. Министерот најави дека сега се очекува да расте бројот на заразени лица и упати порака до своите колеги, да се заштитат максимално за да може да ги лекуваат граѓаните.

Со оглед на тоа што некаде има заболени и лекари, тука е компромитирана работата, рече Филипче и како пример го посочи Инфективното одделение во Куманово, каде во функција се двајца други интернисти од Скопје и од Штип кои ја организираат работата на одделението.

Тој им порача на здравствените работници максимално да ги почитуваат протоколите кои ги има од самиот почеток на пандемијата, да се штитат во и надвор од работните места, затоа што нивната улога, нивното здравје е од примарно значење во овој момент во државата.

– Здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравствените работници. Така ќе превенираме епидемија од поголеми размени, така ќе останат здрави тие што се здрави, ќе се бориме против вирусот и ќе ги излечиме сите кои се заболени, потенцира Филипче.

Сега во функција се става и болницата „8-ми Септември“ каде ако нема место во Инфективната клиника ќе бидат хоспиталзирани во поранешната воена болница. Исто така и битолската болница се трансформира во регионален центар каде ќе се згрижуваат пациентите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button