Вирално

Нови детали од ужасот што го потресе целиот свет – спасителите во шок од она што пронашле во толетот

Нови детали од ужасот во Москва што го потресе целиот свет

Advertisement

Целиот свет во шок од масакрот што се случи во Москва

Како што пренесуваат медиумите, според неофицијални информации повеќе од 80 луѓе загинале во терористичкиот напад во Москва.

Advertisement

Моментално се хоспитализирани 115 лица, од кои 60 се наоѓаат во тешка состојба, а меѓу загинатите има и три деца.

Потсетуваме, група терористи во петокот, околу 20 часот по московско време, влезе во концертната сала „Крокус сити хол“ што се наоѓа во северозападниот дел на градот и отвори оган врз посетителите. Бројот на жртвите би можел се уште да расте, имајќи ја во предвид големината на нападот и пожарот што потоа ја зафати салата.

Како што пренесуваат руските медиуми, напаѓачите влегле во еден од бочните влезови и веднаш отвориле оган во холот по што крвавиот пир го продолжиле во концертната сала на првиот кат каде требало да започне концертот на рок групата „Пикник“.

Advertisement

Тие потоа ја променила положбата и избегале со истото бело рено со кое што пристигнале на местото на нападот.

По нивното заминување се прошири оган низ целата сака, така што пожарот се гаснеше со хеликоптери и се уште не е сосема изгасен.

Бегајќи од терористите се задужиле од чадот?

Од снимките што досега се појавија на социјалните мрежи може да се забележи дека напаѓачите не носат маски и дека се облечени во маскирна облека, а пукаа од калашникови и скратени ловечки карабини.

Телеграм каналот SHOT наведува дека на концертот бил и депутат во Думата Ајдар Метшин кој успеал да избега неколку минути пред терористите да влезат во салата и да почнат да пукаат.

Наводно тие се евакуирале преку службениот влез, и како што вели Метшин, не знаеле дали терористите ќе им пукаат во грбот.

Истиот овој канал на Телеграм пренесува дека многу безживотни тела се најдени во тоалетите и помошните простории.

Наводно само во еден тоалет пронајдени се десетица тела и на нив немало прострелни рани, што значи дека најверојатно ги изгубиле животите така што се задушиле од чадот.

@dailymail

BREAKING: Moscow concert hall shooting: At least three gunmen ‘in camouflage’ open fire on crowd as huge venue is engulfed in flames with 14 deaths reported. #moscow #shooting #breaking #scary #breakingnews

♬ original sound – Daily Mail

Исламската држава одговорна за нападот?

Одговорноста за нападот ја презема Исламската држава, но засега нема официјална потврда за оваа информација.

„Борците на Исламската држава го нападнаа големиот собир на христијани во градот Красногорск во предградието на руската престолнина Москва. Убија и ранија стотина лица и предизвикаа големо разорување пред сигурно да се повлечат во своите бази“, пишува во соопштението на ИСИС на нивниот официјален канал на Телеграм.

@factsvsopinions_

Russian Attack. #russia #concerthall #moscow

♬ Дикая львица – ALEX&RUS

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button