Вести

НОВИ ДЕТАЛИ ОД УБИСТВОТО КОЕ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА – Бил однесен во болница но било предоцна

Advertisement

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен.

Како што пишува Билд.де., тој во два часот наутро имал расправија со двајца Еритрејци на 25 и 29 годишна возраст.

Advertisement

Вербалниот конфликт набрзо се претворил во брутална тепачка, во која Македонецот бил тепан од двете лица со пивско шише се додека тој не колабирал.

Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време како последица на сериозноста на повредите“ изјавил за Билд, портпаролот на полицијата.

По извршената обдукција, констатирано е дека Македонецот починал како последица на нападите од тап предмет, односно од шишето.

Двајцата сторители се обиделе да избегаат од местото на настанот кон железничката станица, но подоцна биле уапсени.

Во рамки на истрагата, потврден е сомнежот против еден од двајцата осомничени. На барање на јавното обвинителство во Есен, тој е изведен пред судија кој му одредил притвор за убиство од небрежност. Второто лице кое учествувало во нападот е пуштено на слобода. Обвинителството во Есен го истражува случајот.

Не е јасно која била причината за караницата која доведе до ваков фатален исход. Случајот го истражува Јавното обвинителство на Есен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button