Вести

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО КРАТОВО: И снаата била пријавувана за семејно насилство!

Advertisement

Полицијата со детали за страшното убиство во Кратово кое ја потресе јавноста.

– На 13.06.2024 во 22.08 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди.

Advertisement

В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово. За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната В.И. која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот. Пријавувала и таа, но имало пријави и против неа. Убиството е извршено со нож.

Advertisement

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот, извести МВР.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button