Новица треба да ја чува како „вода на дланка“- Татјана изгледа како девојче, објави нови фотографии од Охрид
Моментално уживаат во убавините на балканскиот бисер Охрид, каде викендов се одржува „Охрид фест 2023“.
Популарните пејачи Татјана Лазаревска и Новица Василевски по девет години се вратија во родниот крај во Македонија.
Тие од 2015 година живеат во Австралија, но се во постојан контакт со македонската публика. Тања таму работи како учителка, а Новица вози автобус во јавен транспорт.
Моментално уживаат во убавините на балканскиот бисер Охрид, каде викендов се одржува „Охрид фест 2023“- „Охридски трубадури“.
Фолк- пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски ја освоија наградата од новинарите на фолк-вечерта на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, која се одржа сношти на Долни Сарај, во Охрид.
Настапија со песната „Љубов ни е име“, за која претходно изјавија дека е автобиографска, а се пее за нивната љубов. Автор на текстот на текстот на песната е нивниот колега Горан Тодоровски, а на музиката Сехуан Секо Мемедов. Нивниот настап остави силен впечаток кај публиката.
Инаку, оваа година на Фолк фест, публиката ќе има можност да ја види и Неда Украден.
Нашите музички ѕвезди веќе се пофалија со фотографија со мега ѕвездата.
Но не се овде само за фестивалот, од објавите на иснтагарам можеме да заклучиме дека музичкиот пар подготвуваат нова песна која што ќе добие видеозапис со кадри од Охрид.
Тања сподели неколку куси видеа и фотографии од снимањето.
Оваа жена како поминуваат годините се разубавува.
Се појавува во еден бел летен фустан со чипка во кој изгледа како девојче.
Новица треба да биде посебно внимателен со ваква убава жена покрај него.„
Пред да пристигнат во Македонија пејачите имаа семеен одмор во Грција, беа на неколку места низ Македонија, на настапи и приватно, да ги посетат роднините и пријателите, а беа на одмор на Црногорското приморје, но и во манастирот Острог, кој има посебно значење за нив.
– Поминавме 5.000 километри откако сме тука. Имавме неколку настапи, а бевме и на свадвба на мојот внук од сестра ми, тоа е и главната причина за која сме дојдени. Заминавме во манастирот Свети Василије Острошки, во Будва, на неколку места на црногорското приморје. Острог има посебно значење за нас, таму се враќаме по 19 години. По нашата последна посета на овој манастир,откако се помоливме, го добивме Петар. Вушност, тој е зачнат во Црна Гора, и верувам дека таа наша посета на Острог не била случајна. Сега, по речиси две децении, се вративме таму со двата сина, и на Петар и Стефан им ја раскажавме приказната. Преспавме во дворот на манастирот, надвор, бевме присутни на литургијата и тоа е нешто што навистина треба да се доживее“, раскажа фолк-пејачот за „Еспресо.мк“.