Новите тренд чевли од Баленсијага кои чинат 545 долари се како кутија помфрит од Мекдоналдс
Француската модна куќa „Balenciaga“ е позната по своите бизарни парчиња облека.
По кошулата што корисниците ја споредија со вреќата за отпадоци и дизајнерската торба која потсетува на ќесињата од ИКЕА , дојдоа на ред и чевлите кои многу ги споредуваат со кутијата за помфрит на Мекдоналдс.
На корисниците на социјалните мрежи не им требаше долго време за да почнат да се исмејуваат на новите дизајнерски чевли кои чинат 545 долари . „Новите чевли на Balenciaga: одете во Мекдоналдс, купувате голем помфрит, го јадете, ја земате кутијата, ја ставете на нога и спремни сте “.
На сметка на популарниот бренд, се пошегуваа на Инстаграм и од шведскиот Мекдоналдс.
Just copped them new Balenciaga 🔥😤 pic.twitter.com/g080XCejvS
— LilQuasar (@BruuhConsta) August 20, 2018
„Ако добиеме 103,042 лајка, ќе одиме со нив”, напишаа на фотографија лицето кое ги носеше кутиите од помфрит и ја означи со хаштаг Стокхолмската модна недела.
https://www.instagram.com/p/Bti0i9WHm88/?utm_source=ig_embed