Новиот тренд закана за врсничко насилство: Родителите и наставниците стравуваат од трендот „Колку чини вашата облека? кој се шири на социјалните мрежи
Се размислува за воведување униформи...

Новиот тренд меѓу учениците ги заплашува родителите.
фото илустрација
Наречен „Колку чини вашата облека? овој тренд кај учениците, кои користат мобилен телефон и апликација за да дознаат колку пари некој потрошил за гардероба со неколку кликања е застрашувачки.
фото илустрација
Телефонот го скенира QR-кодот на облеката. Доколку не покаже дека се работи за оригинален производ или копија од некоја посебна марка, детето е изложено на јавен потсмев.
фото илустрација
Со помош на Инстаграм или ТикТок, потсмевот брзо ги надминува границите на класот и училиштето и често се претвора во психичко, вербално, па дури и физичко насилство.
фото илустрација
Според стручните лица овој тип на врсничко насилство е најопасен и доведува одредени ученици да се почувствуваат посрамотени, па повторно го наметна прашањето – дали треба да се воведат униформи во училиштата?
фото илустрација
Мислењата на оваа тема се поделени.
Стресот и притисокот што детето го чувствува се пренесува и на родителите, бидејќи многумина се свесни дека ниту униформите не би ја промениле нивната реалност и вистинската состојба на општеството.