Новиот костим за капење на Лила ќе биде хит ова лето – ги крие сите недостатоци и во него ќе изгледате фатално
Лила Филиповска важи за една од најзгодните водителки во Македонија, а на социјалните мрежи често објавува провокативни фотографии.
Таа овој пат облече едноделен костим за капење кој е апсолутен хит за оваа сезона и ги воодушеви своите обожаватели со брутално добриот изглед.
Бидејќи Лила важи и за една од најстилизираните дами чии модни изданија кои што ги гледаме како на малите екрани, така и на социјалните мрежи воодушевуваат многумина, воопшто не се сомневаме дека жените ова лето ќе посакаат да носат и еден ваков костим за капење.
Да, веќе и врапчињата на гранките знаат дека едноделните модели ова лето ќе биде хит на плажите. Тие уште од минатата сезона станаа избор кој се наметнува пред класичните бикини и дводелни модели. Лила носи модел во бела боја кои се посебно популарни оваа сезона, со ефектен детаљ во пределот на деколтето, со кој убавата водителка во преден план го истакна овој дел од нејзиното занесно тело.
Голема предност на едноделните модели е и во тоа што стојат убаво на секој облик на тело и ја прекриваат критичната зона на стомакот, а исто така можат да се носат и во повеќе функции – не само во улога на костим за капење, туку и во комбинација со куси панталони или здолништа.
Што се однесува до Лила, таа на фотографијата изгледа фатално, а за тоа покрај костимот заслужни се и паметно избраните модни додатоци. Имено, водителката носи преубава бела алка на раката, додека целото издание дополнително го „подигна“ со тренди, ПВЦ високи потпетици.
.