Реклама
Вирално

Новиот Кавасаки синдром пристигна и кај нас: Две деца заразени

Реклама

Го има и кај нас.

 

Маркетинг

Две деца во Србија добиле т.н. токсичен шок синдром во текот на инфекцијата коронавирус, новиот синдром кој што беше идентификуван во Америка и Европа пред околу 3-4 седмици, а на кој Американскиот центар за контрола и превенција на болести ги предупреди докторите ширум планетата.

Овие нови симптоми личат на т.н. Кавасаки синдром, кој што се карактеризира со зголемена телесна температура, осип по кожата, зголемени лимфни чворови на вратот, црвенило на очите, дијареа, воспаление на крвните садови.

Маркетинг

Овие симптоми ги развиле 230 мали деца низ Европа, од кои две починале.Америка пријави слични случаи, додека пак во Србија експертите успешно го завршуваат лечењето на двајца мали пациенти во Институтот за здравствена заштита на мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“.

„Досега во Србија се појавија два слични случаи и двата се кај нас на Институтот. Нивната клиничка слика личи на т.н. Кавасаки синдром, баш како што сето тоа е опишано во светот, а тоа е васкулитис или воспаление на крвните садови.

Сепак станува збор за нетипичен васкулитис, според примерот на Кавасаки, затоа што кај децата воглавно се појавува до петтата година. Овие пациенти се постари, на осум и девет годишна возраст. Исто така кај нив не е во целосна мера исполнет тој синдром, ги немаа сите критериуми за него.

Светските педијатриски здруженија кажуваа дека кај децата нема пулмонална презентација, повеќе реагираат на стомакот и промени на кожата, симптоми кои наликуваат на Кавасаки синдром – вели за Алфа, др.Анастазија Софијанова од Клиниката за детски болести.

Од клиниката за детски болести, информираат  дека Ддвете деца од едното на 8 другото на 5 годишна возраст, имале осип на кожата кој се повлекол за една недела, температура и стомачни тегоби.  Тие се излекувани и веќе се дома. На децата им биле направени тестови за корона вирусот, кои биле негативни.

Поврзано

Back to top button