Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Новиот имиџ и прилега совршено: Дани Димитровска ја бојадиса косата во пастелно розова боја!

Реклама

Популарната пејачка Дани Димитровска речиси секогаш знае како да ги изненади своите обожаватели.

Пејачка со препознатлива насмевка и впечатлива коса, со прекрасен глас и став на кој многумина и завидуваат Атрактивната Дани редовно на социјалните мрежи не известува за своите новости, а овојпат на Instagram објави фотографија на која се гледа дека таа ја има бојадисано косата по популарниот тренд  познат како розова лимонада.

Маркетинг

Се работи за пастелно розова коса која завршува со светли руси прамени или пак истите се прелеваат низ розовите нијанси.Претпознатлива е по својата необична виткана коса, Дани во една прилика за Гламур изјави:

Маркетинг

„Тешка ми е за одржување бара многу време и внимание. Не секогаш си го пружам тоа задоволство. Ме казнува со претерана сувост, и ја почитувам локнестата структура која е дадена од самото раѓање и треба да се сочува.

Понекогаш ми иде да си ги скратам маките и да ја исечам, но не се осмелувам бидејќи не се познавам себеси со кратка коса“. Новиот имиџ и прилега совршено, а каде ќе заведува со вакво издание останува да видиме.

Фото: Истаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button