Новиот имиџ и прилега совршено: Дани Димитровска ја бојадиса косата во пастелно розова боја!
Популарната пејачка Дани Димитровска речиси секогаш знае како да ги изненади своите обожаватели.
Пејачка со препознатлива насмевка и впечатлива коса, со прекрасен глас и став на кој многумина и завидуваат Атрактивната Дани редовно на социјалните мрежи не известува за своите новости, а овојпат на Instagram објави фотографија на која се гледа дека таа ја има бојадисано косата по популарниот тренд познат како розова лимонада.
Се работи за пастелно розова коса која завршува со светли руси прамени или пак истите се прелеваат низ розовите нијанси.Претпознатлива е по својата необична виткана коса, Дани во една прилика за Гламур изјави:
„Тешка ми е за одржување бара многу време и внимание. Не секогаш си го пружам тоа задоволство. Ме казнува со претерана сувост, и ја почитувам локнестата структура која е дадена од самото раѓање и треба да се сочува.
Понекогаш ми иде да си ги скратам маките и да ја исечам, но не се осмелувам бидејќи не се познавам себеси со кратка коса“. Новиот имиџ и прилега совршено, а каде ќе заведува со вакво издание останува да видиме.
Фото: Истаграм