Новиот зет на Жељко Митровиќ на раката има „ѕвер“ – младиот МИЛИЈАРДЕР носи часовник поскап од 150.000 долари
И неговата сакана не штеди пари за мода…
Рачниот часовник што го носи младото момче, доколку е украсен со дијаманти, може да чини и до милион долари.
Ќерката на Жељко Митровиќ, Кристина, е во врска со младиот милијардер Илија кој по потекло е од Украина.
Тој ќе и биде сопруг на наследничката на империјата „Пинк“ која секојдневно објавува фотки од нивниот луксузен живот.
И откако пред само неколку дена Кристина се пофали со нејзината чанта „Dior Bobby frame bag“ која чини 4306 евра, на социјалните мрежи исплива нивна фотографија од еден луксузен ресторан.
На фотографијата Кристина и Илија се држат за раката, а на сите во „им падна во очи“ часовникот што го носи младото момче.
Во прашање е луксузен модел од познатиот дизајнер Ричард Мил кој часовниците ги прави од истиот материјал што се користи и за изградба на болидите за Формула 1, кои чинат од 80 па до 700.000 евра доколку се украсени со дијаманти, пишува српскиот „Телеграф“.
Овој модел што го носи идниот зет на Митровиќ е толку скап што можат да си го дозволат само оние што имаат поприлично длабок џеб. Поточно часовникот што го носи момчето на Кристина чини точно 156.358 долари, што очигледно и не е некоја голема цифра за младиот Илија.
Тоа може да се заклучи и од нивните заеднички фотографии, од луксузот со кој постојано се опкружени.
Па така Кристина покрај бројните дизајнерски чанти кои чинат и по неколку десетици илјади евра, неодамна се пофали и со рачниот часовник од „Audemars Piguet“ за кој верувале или не, чини 44.300 евра.
Повеќе нивни фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм