Новиот дом на Карлеуша од 2.5 милиони евра ќе изгледа како во бајките за празниците
Карлеуша поприлично се потрудила околу декорацијата на својот нов дом, па целата куќа ја украси со сијалички, снешковци, ирваси, дедо мразовци…
Како што неодамна објавија медиумите, Карлеуша и Душко новиот дом го купија од фудбалерот Драган Стојковиќ Пикси за 2.5 милиони евра.
Куќата е просторна и има голем двор во кој можат да се играат нивните деца, што посебно и се допаѓа на пејачката. Има четири големи тоалети, а за Атина и Ника исто така се планирани посебни соби со балкон и тоалет, додека зад куќата ќе биде изграден базен.
Постојат и три соби за гости, пишуваше неодамна „Свет“, според извор близок до семејството на Карлеуша.
Како ќе изгледа куќата во нејзиното новогодишно издание погледнете во продолжение.
На познатата дива ова ќе и биде прва Нова година која ќе ја дочека без својата мајка Дивна Карлеуша која во март оваа година ја изгуби битката со тешката болест.
Затоа Јелена беше посебно емотивна, па откри што и беше инспирацијата за да ја украси куќата за празниците.
„Оваа година тема ми беше АНГЕЛ… ова е првата Нова година што ќе ја поминам без мојата мајка. Таа сега е мојот ангел и ова е посветено за неа. За мојот и за сите наши ангели што не гледаат и штитат од зло“, напиша Јелена.
https://www.instagram.com/p/B5923oMhqwL/?utm_source=ig_embed