Новинарот Зоки Фаци се огласи од инвалидска количка – пријателите му посакуваат што поскоро да оздрави
Те сакам Зочко и ми фалиш, му порача Лазаров на својот драг колега и пријател
Познатиот новинар се огласи
Откако познатиот јутубер Стефан Лазаров од Бекстејџ доби награда за најдобар поткаст, тој во своето обраќање го спомена и својот колега Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.
И како што самиот изјави, тој не би ја добил ова престижна награда без него и затоа смета дека покрај неговото име на наградата треба да стои и името на неговиот колега и пријател, Зоран Василевски.
По ова обраќање на јутуберот, се огласи и Зоки.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Имено, Фаци моментално е во болница од каде и се огласи во својата количка за која вели дека сега тоа неговото ламборџини.
„Ова го направивме заедно, ама цел благослов е негов“, вели Зоки во своето обраќање на Инстаграм за наградата.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
„Јас бев само една поддршка, дај боже да успеам во битката со канцерот и да продолжиме заедно да редиме успеси“, вели Зоки.
Тој потоа им се заблагодари на сите, а посебно на Стефан за големата поддршка и повтори дека се надева дека ќе успее да ја победи болеста.
Инстаграм/ Зоки Фаци
„Сега одам малку на сонце, изјави на кракот Зоки со кренати палци, а Стефан прв коментираше под видеото со пораката:
„Те сакам Зочко и ми фалиш“, напиша тој.
Потсетуваме, Зоки е во инвалидска количка заради тешката здравствена состојба со која се соочува и со која храбро се бори.
Инстаграм/ Зоки Фаци
На новинарот пред три години му беше дијагностициран сарком на ногата по што тој направи операција во едн наша болница. Но по една година проблемот со крциномот повторно му се врати, па Василевски во нашата земја продолжи со хемотерапии за кои, како што самиот изјави во една пригода, многу тешко ги поднесувал.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Но и покрај неколкуте циклуси хемотерапии, му беше откриен и голем тумор во стомакот, па докторите го советуваа да направи операција.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Зоки за операцијата замина во Турција, но таму беше дијагностицирано дека ракот се зголемил и почнал да се шири. По направените прегледи во Турција, Зоки сепак реши да се врати во Македонија и лекувањето да го продолжи во една од нашите болници.
Повеќе за храбрата борба на Зоки со болеста прочитајте тука… .