Новинарката Снежана Лупевска без влакна на јазикот ја критикува дијаспората – „НЕ сакавте и НЕ гласате за Тамара!“
Реакциите во врска со Евровизија не стивнуваат
И денес, на социјалните мрежа кај нас главна тема е Тамара Тодевска и нејзиниот настап на Евровизија.
Нашата претставничка го освои 8-то место, и тоа откако убедливо водеше во текот наг ласањето, се додека не дојде редот за гласовите од публиката.
Во врска со ова се огласи и новинарката Снежана Лупевска Созен која на социјалните мрежи го сподели следниот коментар. „Државна изборна комисија под итно да ги избрише они од дијаспората од избирачкиот список. Ем пари трошат ем не сакаат да дадат 10 евра да гласаат за Тамара (секоја чест на исклучоци)“, напиша таа истакнувајќи дека сепак ние сме горди на Тамара и на пласманот во финалето.
Тамара со 295 бодови го обезбеди најдобриот пласман за Македонија досега на популарниот музички натпревар.
Нејзиниот настап ја воодушеви целата светска јавност, а многу странски медиуми сметаа дека таа ќе биде победникот.
Првото место го освои Холандија
Инаку Тамара од публиката освои само 58 гласови што беше премалку за да се најдеме меѓу водечките натпреварувачи.
Во прашање се гласови што се добиваат преку „телевоутингот“, но на кои граѓаните од матичната држава немаат право да гласаат за својот претставник. Според овие гласови Тамара Тодевска доби најмногу гласови од Србија и Словенија, додека од земји како Германија, Швајцарија и Италија, каде има значителен број на Македонци кои што живеат таму, добивме многу малку или воопшто не добивме гласови.