Реклама
Наши ѕвезди

Новинарите во шок од куќата на Есма Реџепова – руина опустошена, однесена и урната на нејзиниот сопруг

Еве и на кого Есма ја остави својата куќа која денес е руина која деновиве го запрепасти целиот Балкан

Реклама

Македонската кралица на ромската музика, Есма Реџепова, беше и остана една од најголемите музички легенди на Балканот.

Нејзиниот живот згасна во 2016 година, а четири децении претходно, во 1976 години, беше прогласена за најоригинална пејачка во Индија, со што таа стана еден од 50-те најдобри вокали во целиот свет.

Но покрај музичката кариера Есма беше позната и како голем хуманист и жена која има посвоено 48 деца и заедно со сопругот Стево Теодосиевски се грижеше за нив како вистинска мајка се до нејзината смрт.

Маркетинг

Од сите овие причини навистина е неразбирливо како една од нејзините последни желби да остане неисполнета, но и да го шокира целиот регион. Имено, новинари од српскиот Телеграф деновиве беа во посета на куќата во која живееше оваа наша национална хероина и светски позната пејачка, а она што таму го затекнаа беше вистински шок како за нив, така и за нивните читатели.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб

Околу куќата на Есма во која некогаш царуваше песната сега има само коров, а домот е насилно отворен и од него се е однесено.

И покрај тоа што желбата на Есма беше нејзината куќа да стане дом за широки намени и во кој ќе се обавуваат најразлични хуманитарни активности и културни настани, како еден вид културен центар во кој ќе се собираат млади луѓе, таа сега е само руина.

Принтскрин/ Јутјуб, Сител

Оваа желба на Есма не само што не се исполни, туку куќата пред неколку години беше ограбена и од неа беше сé изнесено, па дури и урната на Стево Теодосиевски, како што ќе открие во една пригода еден од нејзините синови, Симеон Атанасов, кој всушност и ги наследи авторските права од Есма и нејзиниот сопруг.

И како што пренесуваат новинарите од Телеграф, кога го посетиле домот на Есма она што го затекнале таму ги оставило во неверување.

Насекаде само хаос и лом, целиот простор оставен да руинира, без некој да се грижи за истиот и да го одржува.

Што пишува во тестаментот на Есма

Според тестаментот што го остави Есма, а кој беше отворен една година по нејзината смрт, таа куќата ја остави на нашата држава.

Впрочем тоа го тврди и нејзиниот син Симеон кој пак е наследник на авторските права на нејзината музика и на нејзиниот сопруг.

Тој во една пригода на социјалните мрежи откри како Есма по смртта на Стево со мака успеала да ја доизгради куќата, а во тоа и помогнала дури и Клеопатра, една од најпопуларните гатачки на Балканот.

Принтскрин/ Јутјуб, Сител

Куќата, наводно, на крај е завршена со кредит од 50.000 евра што Есма го земала, вели Симеон во еден свој постар пост на Фејсбук. Како што откри тогаш тој останала само големата музејска сала каде според желбата на Есма и Стево требало да бидат поставени и нивните урни, но по смртта на Есма, ништо од ова не се случило.

Симеон дури и во едно од своите обраќања вели дека не треба да ги мешаат децата на Есма бидејќи тие се немоќни да ја исполнат нејзината желба. „Греота е и срамота пред целиот свет што дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите“ напиша во една пригода Симеон на социјалните мрежи.

Тоа дека Есма куќата ја остава на Македонија своевремено за медиумите го потврди и Зорана Костовска, најблиската соработничка на пејачката.

Принтскрин/ Јутјуб

Како што истакна таа во една пригода за радио Слободна Македонија, Есма постојано зборувала дека парите ги заработила од концерти, од луѓето што купуваат влезници, и дека на овој начин сака да му се одолжи на својот народ, оставајќи го својот дом на културата и хуманоста, а на крај и го исполни ова ветување.

Но по нејзината смрт започна судски процес, а имотот остана да стои и да се распаѓа без никој да се грижи за него.

Ќерката на Есма

Потсетуваме, Есма Реџепова почина на 11 декември 2016 година, по кратка и тешка болест, а зад себе остави 47 сина и една ќерка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button