Наши ѕвезди

Нова љубов меѓу учесниците во „Гранд ѕвезди“ – пејачот до уши вљубен во убавата Македонка

Advertisement

По завршувањето на натпреварот Гранд ѕвезди учесниците продолжија да се дружат и станаа многу добри пријатели, а помеѓу Александар Гутеа Маринковиќ и симпатичната скопјанка, Елена Миленковска, се роди љубов.

Фото: Инстаграм/ __gute__

Шармантниот пејач со една фотографија на Инстаграм откри какви емоции има кон убавицата од Македонија.

Advertisement

Гуте и Елена се зближија оваа сезона бидејќи беа кај иста менторка – Ана Бекута, така што се гледаа на часовите по пеење. По финалето тие отпатуваа неколку дена во Македонија каде го посетија Скопје и Охридското Езеро. Фотографиите на Невена Стојановиќ откриваат колку Гуте и Елена се блиски и сега е веќе очигледно дека нивната љубов цвета.

Фото: Инстаграм/ __gute__

Скопјанката Елена сега многу повеќе време ќе поминува во Белград заедно со своето момче, но и поради својата кариера.

Фото: Инстаграм/ nensystojanovic

Талентираната пејачка се обиде да сокрие од јавноста дека е заљубена и објавуваше само соло фотографии на својот профил на социјалните мрежи. Но Гуте не можеше да се воздржи па откри каква убавица има покрај себе.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button