Нова љубовна врска меѓу актерите: Најубавите турски актери се заедно- љубовта ја криеја од очите на јавноста, убавата Сехер му го украде срцето на заводникот!
Синан и Сехер се заедно повеќе од еден месец...
Алп Навруз е турскиот актер кој за брзо време го фрли во заборав неодоливиот Бали бег.
Карактеристично за него е што неодоливо потсетува токму на популарниот колега.
Алп има 29 години. Тој има завршено турски јазик и книжевност, но очигледно судбината за него имала други планови.
Поради атрактивниот изглед им станал интересен на модните агенти, па едно време снимаше реклами и се шеташе по модните писти, а потоа го забележале и телевизиските продуценти па улогите во сериите сами му доаѓаат.
Вистинска популарност добива со улогата на Синан Егеман во серијата „Ќерките на Фазилет“, но не сака да ја прифати титулата „заводник“.
За себе познатиот актер вели дека е „нормален“, традиционален маж кој ужива кога ќе му дојдат пријатели, но услов е сам да готви бидејќи тоа го обожава.
Не сака кога жените сами му се пуштаат и оние што први ќе му се приближат никогаш не ги смета за сериозни партнерки.
„Всушност јас сум многу пребирлив и постојат многу работи што ме одбиваат кај жените – затоа и сум сам“, рече во една прилика заводникот.
Но сега турската актерка која се прослави во улогата на Сехер, во серијата Аманет му го зароби срцето на Алп.
Тие се забавуваат неколку месеци а за нивната врска открија преку социјалните мрежи објавувајќи заедничка фотографија од една прослава на која присуствуваа.