Нова фризура и деколте од кое боли глава – Гавазова по скандалот со празникот во ново бомбастично издание
Познатата фолк-пејачка се појави на снимањето на една емисија и го украде шоуто
Пејачката ги засени сите со својот изглед
Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова се појави на снимањето на една емисија и го украде шоуто.
Имено, пејачката и овој пат го привлече вниманието со својот стајлинг, а вистински хаос настана кога го зеде микрофонот.
Таа носеше црн тесен фустан, припиен до нејзиното тело, а целото издание го зачини со шик фризура и преубава шминка.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Кулминацијата следуваше кога заигра на сцената со микрофонот во рацете, покажувајќи го секој детаљ од своето витко тело.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова се снимаше и со мобилниот и неколку снимки објави на Инстаграм, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инаку, пејачката деновиве се најде во центарот на вниманието заради својот настап на прославата на 8. Септември во Пеленица.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Заради овој настап таа доби бројни критики но и закани од страна на поединци, бидејќи истиот беше организиран од СДСМ.
Но пејачката реши да не им обраќа внимание на оние што ја критикуваат и преку социјалните мрежи им порача дека не им се плаши, но и дека му припаѓа на македонскиот народ и дека за него ќе пее секогаш.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Повеќе за скандалот со музичарите и прославата организирана од претставниците на СДСМ од Кисела Вода прочитајте тука…