LIFESTYLEВирално

Нова „СТАПИЦА“ на ФЕЈСБУК -Можете да го загубите профилот, ВНИМАВАЈТЕ!

Најновата измама која кружи на интернет е преку објава „Нема да веруваш кој умре“

Advertisement

Бидете внимателни на што кликате на Фејсбук(Facebook). Одете на проверени информации, во спротивно еден клик ќе ве чини „скапо“ со тоа што може да го загубите вашиот профил.

Advertisement

Најновата измама која кружи на интернет е преку објава „Нема да веруваш кој умре“. Откако корисниците на „Messenger“ ќе добијат порака „види кој умре“, треба да кликнат на линкот што ги носи на страница на која пишува дека ако сакате да ги читате вестите, треба да ги внесете вашето корисничко име и лозинка на “Facebook”. Со тоа, секако, ги предавате на измамници, а во истиот момент корисниците кои ги внесуваат тие информации се одјавуваат од “Facebook” и повеќе немаат пристап до нивниот профил. Исто така, на овој начин може да се преземе злонамерна програма која може да ги следи корисниците и да ги украде нивните податоци.

Ваквите линкови, со наслови како „види кој умре“ или „нема да веруваш кој умре“, се објавуваат како статуси или се шират во приватни пораки, а бидејќи во нив не се споменува кој починал, корисниците често без размислување кликнуваат на нив. Тогаш почнуваат нивните проблеми, бидејќи на тој начин може да се шират вируси, да дојде до измама, кражба на податоци и слично.

Advertisement

Ваквата измама се врати на “Facebook” и австралиските корисници во моментов се на мета, но дефинитивно треба да бидете внимателни во случај слични линкови да почнат да се шират на други територии.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button