Вести

НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве кога не очекуваат врнежи на снег!

Advertisement

Под влијание на влажен бран утре ќе има локални врнежи од дожд. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат.

Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег се очекува во среда и четврток.

Advertisement

До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад. Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места.

Врнежите ќе престануваат во четврток во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено во вторник и среда наутро.

Прогноза за 04.12.2023

Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Наутро променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 05.12.2023

Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд.

Прогноза за 06.12.2023

Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Метеопрогнозерот Славчо Попоски вели дека најновите анализи што ги направиле, и тоа со помош на најпрецизните нумерички модели во светот укажуваат дека на Балканскиот Полуостров му претсои многу активна зима, и тоа гледано по врнежите и по циклоните.

-Тоа значи дека претстојната зима кај нас ќе биде исполнета со врнежи од дожд и снег, а ќе има и чести снежни бајки, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите).

Дури можна е појава и на снежно невреме и натпросечни снежни врнежи во регионот, но и кај нас во Македонија. Овие врнежи особено се очекуваат во месеците јануари, февруари и март.

Што се однесува до температурите, тие би можеле да бидат малку над просекот, но секако дека очекуваме и чести продори на поларниот вртлог од север кој би условил екстремно ниски температури на воздухот (до околу, па дури и под -20 степени).

Се на се, оние кои се лубители на снегот, оваа зима и тоа како ќе си дојдат на своето, наведува тој во најновата прогноза.

Потенцира и дека и најголемиот дел од Европскиот Континент ќе има зима богата со врнежи, што значи дека снегот нема воопшто да недостасува (односно ќе го има доста).

Европа уште од сега се соочува со многу снегови и студ. Снежната покривка во Алпскиот регион веќе надминува и 100 сантиметри, а зимата не ни започнала.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button