Некои архитекти имаат многу необични предлози за тоа како да се реконструира катедралата Нотр Дам во Париз.
Еден од нив е дека на покривот на овој свет објект треба да се направи еден базен, пишува британскиот весник Дејли мејл.
Кратко време по пожарот, француските власти објавија меѓународен конкурс за архитекти со цел да се врати оваа зграда на цивилизациска вредност.
Премиерот Едуард Филип рече дека тоа е можност да се применат технологии во Нотр Дам да одговорат на предизвиците на време.
Да има базен на кровот на катедралата е идејата на архитекти на Улф Мејеррен од Стокхолм. Ова ќе даде „нов медитативен простор со уникатен поглед на Париз”.
Од оваа компанија под овие фотографии на Инстаграм изјавија дека Нотр Дам „не е изолиран остров во урбаната средина, туку му припаѓа на градот и на луѓето”.