Нова војна на естрадното небо – Карлеуша заради Беквалац ја растури калимерата со Емина
Јелена Карлеуша и Емина Јаховиќ „ја растурија калимерата“
Како што пренесуваат српските медиуми, причината за расипување на ова естрадно пријателство е Наташа Беквалац.
Имено, според извори блиски до пејачките, Карлеуша и се налутила на Емина затоа што на Наташа и понудила песна и со неа снимила дует иако тие двете многу време пред тоа се договарале за соработка.
Како што вели изворот, а пренесе порталот „Курир.рс“, Јелена се налутила затоа што Емина ја скокнала и направила соработка со Беквалац.
Карлеуша во исиот момент решила повеќе да не ја следи Емина на Инстаграм, со што на сите им даде до знаење дека тие повеќе не се пријателки. Наводно, поради ова се навредила и самата Емина, па сега и двете се озборуваат и зборуваат најлошо една за друга, пренесува Курир.рс.