Реклама
Наши ѕвезди

Новата фризура на Атиџе ги воодушеви сите на социјалните мрежи

Реклама

Хероината од Медена земја има нова фризура

Новата фризура на Атиџе Муратова ги засени сите политички вести во земјава. Имено јавноста е воодушевена од фотографиите што ги објави Студио ИН а на кои се гледа дека хероината од „Медена земја“ е спремна за Оскарите. Фризурата е инспирирана од 60-тите и со неа Атиџе е речиси непрепознатлива. Но покрај новата фризура, кај Атиџе можеме да забележиме и целосно нов стајлинг од познатиот македонски бренд Астибо кој совршено и стои.

Маркетинг

Нејзината појава предизвика вистинска хистерија, а секој што ќе ја запознае е воодушевен од нејзиниот карактер.

Тоа го изјави и Тања Кокев, која е задолжена за креациите и на останатите членови од екипата на „Медена земја“ за Оскарите. Кокев за Атиџе вели дека не е жена која се трансформира, туку „ние сме тие што се трансформираме додека сме во нејзино присуство и учиме од неа“.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Студио ИН

„Ние не сме тие кои треба на таа скромност да и кажуваме како да прошета на Оскарите. Таа си ја знаеше бојата уште пред да и го отвориме каталогот. Секако дека ќе го испочитуваме дрес кодот на домаќините, Оскарите и ќе ја стокмиме во свечено руво, но нема да ја трансформираме бидејќи не гледаме потреба за такво нешто. Ќе ја испратиме на Оскари скромна, убава, дотерана онака како таа ќе се чувствува најпријатно. Само во една средба таа ми кажа 10 мудрости, јас тука не можам и не сакам ниту да додадам ниту да одземам нешто“ пишува Кокев на нејзиниот профил на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/ Студио ИН

Еден Оскар за нас, еден за нив

„Медена земја“ има две номинации – за Најдобар интернационален филм и Најдобар документарен филм.

Режисерите на Медена земја пред точно една година ја освоија највисоката награда на фестивалот Санденс – за најдобар интернационален документарен филм, како и наградата од жирито и публиката. По оваа награда Медена Земја продолжи да добива награди од целиот свет, а главната хероина во еколошката бајка, пчеларката Атиџе доби и награда од Американското здружение на критичарите за најпривлечен лик во документарецот.

Атиџе во кардиган и туника од новата колекција на македонскиот бренд Астибо

Филмот сега е во конкуренција за два Оскари со што стана единствениот македонски филм со две номинации во овие две категории, а влегува во историјата на светската кинематографија и како прво остварување кое ги има добиено токму овие две номинации.

Атиџе во јакна и панталони од колекцијата на Астибо – есен/зима 19/20

Во филмот главната хероина Атиџе е пчеларка која живее со својата стара и тешко болна мајка во едно зафрлено село во Овче Поле, Бекирлија. Тие живеат во потполна изолација, далеку од цивилизацијата, а нејзиниот однос кон пчелите е универзален и ја враќа рамнотежата меѓу човекот и природата, што ја преставува и главната порака во филмот. Таа грижејќи се за пчелите, всушност испраќа порака на моќен архетип и лик кој се грижи за сé и за сите, како олицетворение на Големата мајка. Интересно е и тоа што таа не глуми никој друг освен самата себеси, односно Медена земја е нејзиното секојдневие, па затоа и многу познати светски медиуми нејзиниот лик го опишуваат како еден вид божица, божество кое делува заштитнички кон природата и пчелите.

Култот на Атиџе Муратова

Медена земја го режираа Тамара Котевска и Љубомир Стефанов кои го следеа животот на Атиџе Муратова, жената која што живее во склад со природата и која на посебен начин ја покажа моќта, но и силата на обичниот човек.

Интересно е тоа што режисерите сосем случајно ќе ја сретнат Атиџе и ќе решат да снимаат документарец за нејзиниот живот и пчелите. И дури откако го снимиле материјалот, воочиле дека имаат сериозно добар филм пред себе.

Нејзината порака половина од медот да се земе, а половина да се остави за пчелите е универзална порака како треба да се однесуваме кон природата, доколку не сакаме да бидеме казнети од неа. „Во спротивно можеме да стигнеме до амбисот, за да ја научиме лекцијата“, вели продуцентот и монтажерот Атанас Георгиев, за „БиБиСи“ на српски.

Трошната куќа на Атиџе

И откако филмот освои три награди на филмскиот фестивал Санденс, основан од актерот и режисерот Роберт Редфорт, за него пишуваа најпознатите светски магазини- Гардијан, Њујорк тајмс и Венити фер.

Принтскрин

На овој начин цел свет дозна за скромната Атиџе од Македонија, која луксузот го мери со бројот на залаците што ќе ги изеде. И да, таа можеби е последната жена во Европа што собира мед на природен начин, но и првата жена од Македонија, која поради својата голема љубов кон природата, стигна дури и до Оскарите и не научи како да се однесуваме ако сакаме да чекориме кон подобро утре. И токму затоа денес на местото на кое што е снимен документарецот не престануваат да доаѓаат гости од сите страни на светот. Сакаат да ја запознаат главната хероина, да и честитаат и да позборуваа со неа, но и да ја видат нејзината трошна куќа и местото покрај реката Брегалница каде што таа го собира медот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button