Реклама
Наши ѕвезди

Новата снаа на Брена пoзираше во костим за капење и го запали Инстаграм – ужива во луксузната вила на пејачката!

Реклама

Сандра е родена во Брус, а студира во Белград

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Синот на Лепа Брена и Бобан Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, и неговата шармантна девојка Сандра Миљаковиќ уживаат во љубовната романса и во последно време се неразделни.

Од заедничките фотографии можеме да видиме и дека поминуваат одлично време во вилата на Брена.

Маркетинг

Убавата девојка на Виктор на Инстаграм објави видео како позира во бикини и го покажа своето витко тело.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Потоа можеме да видиме и како со Виктор разменува нежности покрај базенот во дворот на Живојиновиќ.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Наследникот на Брна може да се пофали со својата убава и згодна девојка, која на социјалните мрежи го забележа и моментот додека се бакнуваат.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Таа и Виктор неодамна преуредија дел од куќата на Брена и Боба според свој вкус и сега живеат заедно со нив.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Наводно за време на вонредната состојба заради епидемијата предизвикана од вирусот корона, Сандра се преселила во вилата на Брена, па заедно со Виктор средиле дел од луксузната куќа во кој што сега живеат заедно.

Еве што изјави тогаш Брена за неа, но и за можниот брак:

„Виктор, исто како и Стефан, можат да го почувствуваат заедничкиот живот, и тоа кога ќе се грижат еден за друг 365 дена во годината. Ни Филип не брзаше да се ожени, па затоа не треба ни тие двајцата. Постојат многу работи што треба да ги прават и научат, пред бракот, затоа што одлуката да се започне семејство и потомство е многу сериозна. Мора да му се посветите на детето и тоа мора да биде добро образувано. Ако само бркате кариера, еден ден ќе сфатите дека имате цело богатство, можеби и моќ, но неуспеси и промашувања во приватниот живот. Најлесно е да се направи дете, но тоа е живо суштество, според кое треба да се има одговорност и посветеност. И јас и Бобан ги советуваме и ќе видиме дали ќе нè послушаат“ изјави пејачката за Курир.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

„Сандра е прекрасна девојка и многу мило ми е што видов дека моите синови се согласуваат со своите девојки. Отсекогаш сум ги учела дека девојките треба да ги сакаат и да ги почитуваат и гледам дека овој дел од нашето воспитување вроди со плод. Луѓето треба да се најдат и пронајдат, а Виктор и Сандра уживаат во врската. Покрај тоа, открив дека Сандра прави фантастична шминка. За време на изолацијата, таа ме нашминка мене и неколку мои пријателки. Ние сме воодушевени и сакам да и дадам поддршка бидејќи светот останува на помладите “, додаде пејачката.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button