Реклама
Наши ѕвезди

Новата снаа на Брена е девојка од село – живее во куќа без фасада, бере БОРОВИНКИ за дневница и не се плаши од работа!

Реклама

На семејството Живојиновиќ не им е важно од каде доаѓаат нивните снаи

Фото: Курир.рс

Многумина се воодушевени од новата снаа на Лепа Брена, а очигледно и целото семејство Живојиновиќ

Убавата снаа на Лепа Брена, Сандра Миљаковиќ, која е во врска со помладиот син на пејачката, Виктор Живојиновиќ, по потекло е од селото Будиловина, во близина на Брус, каде и сега живее нејзиното семејство.

Маркетинг

Таа често го посетува семејството, а екипата на српскиот Курир беше да го посети селото и малку да се распраша за неа.

Како што пишуваат тие, семејството на Сандра живее во близина на центарот на селото. Нивната куќа е поприлично голема, направена од цигли, со голем двор.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Го почитувам нејзиниот избор и ми се допаѓа Виктор, момчето делува дека е убаво воспитан. Го немаме запознаено бидејќи Сандра се уште не го донела кај нас, изјави за медиумот нејзиниот татко.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Како што пишува овој весник, и комшиите имаат само пофални зборови за оваа 26 годишна девојка која од појавата на корона живее во вилата на Брена.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Таа е убаво воспитана, секогаш била одличен ученик, студент, дете за пример. Знае и да готви, скоро правеше слатко, беше тука пред две недели, вели нејзиниот горд тато и додава дека и покрај тоа што неговата наследничка престојува во куќата на Брена, се уште не се таму официјално преселила.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

„Таа се уште плаќа стан во Белград. Со момчето е во вилата веројатно заради коронавирусот, полесно е кога се заедно. Таа од мала има работни навики, работеше кај мене во работилницата, береше боровинки за надница, не се плаши од работа. Еве кога последен пат беше тука, беше во куќата на мојата мајка, својата баба, која има 86 години и ја негуваше. И помагаше и ја среди целата куќа, ги изми пердињата, нема нешто што не прави“, вели нејзиниот татко.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

„Ние се трудевме убаво да ја воспитаме, малку ја разгаливме бидејќи е најмлада. Јас посакував третото дете да ми биде ќерка и ми се исполни желбата. Таа е иста како мене, личи на мене и јас сум горд на неа“, заврши Звездан.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Инаку, Сандра во Белград заработува и како мејк-ап артистка, за што неодамна ја пофали и нејзината свекрва.

„Сандра е прекрасна девојка и многу мило ми е што видов дека моите синови се согласуваат со своите девојки. Отсекогаш сум ги учела дека девојките треба да ги сакаат и да ги почитуваат и гледам дека овој дел од нашето воспитување вроди со плод. Луѓето треба да се најдат и пронајдат, а Виктор и Сандра уживаат во врската. Покрај тоа, открив дека Сандра прави фантастична шминка. За време на изолацијата, таа ме нашминка мене и неколку мои пријателки. Ние сме воодушевени и сакам да и дадам поддршка бидејќи светот останува на помладите “, додаде пејачката.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button