Новата македонска „Гранд ѕвезда“ пред настапот во шоуто преживуваше вистински пекол – никој не забележа што му се случува!
И покрај та што во последниот круг помина низ „голгота“, Јасмин сепак се надева дека ќе стигне до финалето…
Пејачот од Македонија, Јасмин Алиевски, кој се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“ неодамна даде интервју во кое зборуваше за својот последен настап.
Јасмин кој настапи минатата сабота, со освоените гласови успеа да помине во следниот круг од натпреварот, но како што самиот вели можел да биде и подобар.
Проблемот беше во тоа што тој имаше здравствени проблеми, односно настапи со температура (види тука), така што не можеше да го даде максимумот.
Младиот пејач во интервјуто за „Гранд“ зборуваше отворено и за соработката со неговиот ментор Ѓорѓе Давид.
Тој е феноменален ментор, имаме проби, вежбаме, избираме песни. Навистина мислам се најдобро за него, не затоа што сум во неговиот тим. Некако многу е посветен на својата работа како ментор, вели тој.
Јасмин откри дека Ѓорѓе го советува повеќе да верува во себе бидејќи е убеден во неговиот квалитет и да не се предава.
На прашањето кој друг би го избрал за ментор доколку тоа не е познатиот рокер, младиот пејач вели.
Тој не крие дека во натпреварот се пријавил токму заради неговиот ментор и дека доколку немал можност него да го избере не би ни учествувал.
Инаку, Јасмин и претходно се натпреваруваше во шоуто и направи пауза од неколку години кога решил повторно да се пријави.
Целото негово интервју погледнете го во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд