Познатата дизајнерка ја промовираше последната колекција на својот Инстаграм, но не излезе онака како што го замислила. Имено, поради изборот на преслаби модели, Викторија Бекам се најде на удар на јавноста.
„Исусе боже, твоите модели се сé послаби и послаби… каков пример даваш на својата ќерка и на останатите девојчиња? Ова е многу погрешно Викторија! Мислев дека со ова беше завршено“, беше само еден од многубројните револтирани коментари под фотографијата објавена на Инстаграмот на Бекам, а на која се делови од новата кампања.
Она што најмногу ја разбесни јавноста беа преслабите девојки кои Викторија ги ангажираше во кампањата, иако пред неколку години модниот свет донесе одлука дека нема да ангажира преслаби манекенки за да не испраќа искривена слика и лоша порака до младите девојки.
Ова не е прв пат познатата дизајнерка да е критикувана поради изборот на своите модели, а многумина и замерија како од година во година, од сезона во сезона, избира се послаби манекенки. „Дајте им храна на манекенките, ќе умрат ако прескокнат уште еден оброк. Тажно е тоа што икона како вас промовира вакви модели кои изгледаат болно“, стои во уште еден коментар додека во друг пишува: „Ова е страшно за гледање, а уште пострашно кога ќе помислиш колку е болна. Дајте и happy meal, изгледа болно“.
Викторија се уште се нема огласено во врска со ова, но објави уште неколку фотографии снимени пред зградата Lloyds во Лондон. Фустанот што го носи манекенката и се допадна и на Меган Маркл која неодамна се прошета во него.