Реклама
CATWALK

Новата кампања на Манго ја нагласува моќта на културата во општеството

Реклама

Познатиот фотограф Аласдир Меклилан ги овековечува Адвоа Абоа, Џоли Алиен, Луна Бил, Саша Пивоварова и Патрик Шварценегер.

Покрај нивната кариера во светот на модата, кампањата ги нагласува и останатите креативни таленти на протагонистите.

Маркетинг

Новата кампања на Манго за пролет/лето 2019 спојува повеќе значајни лица од модната индустрија во проект на фотографот Аласдир Меклилан. Користејќи слогани како “Да ја изградиме иднината заедно”, “Нашите соништа ќе ја инспирираат иднината” и “Веруваме во силата на заедницата”, кампањата го истакнува креативниот талент на протагонистите: Џоли Алиен и Саша Пивоварова освен модели се и уметници, Адвоа Абоа е и активистка, Луна е спортистка додека пак актерот Патрик Шварценегер е претприемач.

Маркетинг

Оваа порака ќе продолжи да се пренесува и во текот на целата сезона преку разновидни активности и соработки кои ќе им дадат можност за истакнување и на останати талентирани лица во подем, а ќе бидат промовирани преку различните дигитални платформи на Манго со хаштаг #MangoNewVoices.

 

Електронските звуци и на њујоршкото дуо Chairlift со песната “I belong in your arms”, се музичка позадина на видеото на кампањата.

Колекцијата за пролет/лето 2019 си сплотува современите стилови и комплексните материјали. Оваа сезона понудата содржи дизајни во пастелни бои, како розова, небесно сина и боја на лимета.

Безвременски парчиња како класичните мантили се комбинираат со сосема нови дизајни како бермудите за возење велосипед во уникатна целина. Летните комбинации вклучиваат полу-проѕирни материјали кај блузите и фустаните и специфично боење кај макси блузите.

Модните додатоци се исто така во пастелни бои и необични материјали. Кај обувките особено интересни се сандалите со ремчиња, со детали од школка, како и високите патики кои наликуваат на кратки чизми.

Повеќе модели можете да видите од галеријата на почетокот од текстот >>

Поврзано

Back to top button