Холивуд

Новата девојка на Леонардо Дикаприо и без шминка е вистинска убавица

Advertisement

Леонардо Дикаприо и неговата 23 години помлада девојка

Advertisement

Познато е дека атрактивниот холивудски актер има слабост кон манекенките, а на неговиот список од неодамна се најде уште една. Моделот и актерката во подем, Камила Мороне (20) успеа да го освои срцето на 43 годишниот актер уште при крајот на минатата година, но и да предизвика љубомора кај неговите обожавателки од целиот свет.

Камила е вистинска убавица, па и кога нема ни грам шминка на нејзиното лице што можевме да го видиме и кога пред неколку дена се прошета со своето момче. 20-годишната девојка ги остави сите без здив во панталоните со војнички дезен и бела маица која и беше врзана околу половината, но и покрај стегнатиот стомак сите зборуваа за нејзиното лице кое и без шминка изгледа беспрекорно.

Advertisement

Првите информации за нивната врска се појавија кога Леонардо во декември минатата година беше забележан како излегува од нејзиниот дом, а потоа беа фатени како заедно уживаат на одмор во Колорадо. Тие заедно беа на прославата на роденденот на Елен Деџенерес, а не го пропуштија на познатиот музички фестивал Коачла каде фоторепортерите ги фатија додека се бакнуваат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button