Познатиот актер Кијану Ривс ги изненади сите кога пред месец дена на црвениот килим се појави со девојка
Уше поголемо изненадување за сите беше неговата избраничка, 46 годишната артистка Александра Грант, како заради нејзините години, бидејќи не е вообичаено познатите холивудски актерки да имаат постари партнерки, т.е. некој што не е двојно помлад од нив, но и заради белата коса поради што многумина ја помешаа со актерката Хелен Мирен.
Па откако се најде во центарот на вниманието, неговата девојка реши да открие и зошто не ја бојадисува својата коса. Таа на Инстаграм објави наслов од магазинот „Њузвик“ во кој пишува дека новото истражување во кое учествувале 50.000 жени покажало дека трајната боја за коса и хемиското испарување можат да предизвикаат рак, пишува „Индекс.хр“.
„Вауу, денешните вести… бројките навистина се загрижувачки. Мојата коса побеле во раните дваесетти и ги испробав сите бои за коса што постојат додека повеќе не можев да ја поднесам нивната токсичност. Во триесеттите дозволив мојата коса да стане ‘руса’. Сакам и поддржувам секоја жена да може да избере како сака да изгледа во било кои години. Но ако жените страдаат заради наметнатите стандарди за убавина, тоа е нешто за што мораме да разговараме“, напиша Грант во описот на својата објава на Инстаграм.